Ни Усман Дембеле, ни Лука Јовиќ во овој преоден рок нема да пристигнат во Манчестер Јунајтед, тврди новинарскиот гуту за трансфери Фабрицио Романо.
Според него Дембеле нема да пристигне на „Олд Трафорд“ бидејќи Барселона не сака да го позајми својот фудбалер. Каталонвите биле заинтересирани за за продажба на Дембеле.
Дембеле во Барселона е од 2017 година кога клубот за него на Борусија ѝ плати 130 милиони евра. Кариерата на „Ноу Камп“ му ја обележаа повредите и неодговорно однесување.
Исто така ниту Јовиќ нема да го засили Јунајтед. Србинот ќе остане во Реал откако Зинедин Зидан реши да го испрати Борха Мајорал на позајмица во Рома.
На Манчестер Јунајтед им бил понуден и Единсон Кавани, но менаџерот на фудбалерот бил одбиен бидејќи имал преголеми финансиски барања.