Top Sport

Во Јувентус сигурни: Алегри е вистинскиот човек

Генералниот менаџер на Јувентус, Маурицио Сканавино потврди дека Масимилијано Алегри ќе остане тренер на Јувентус и покрај „колапсот“ оваа сезона, одбележана со скандали надвор од фудбалот.

„Бјанконерите“ добија казнза од 10 поени за „финансиските нерегуларности“ оваа сезона, со што сезоната 2022/23 ја завршија на седмото место на табелата, односно без место во Лигата на шампионите“, а втора сезона едноподруго завршуваат без трофеј по поразот од Интер во полуфиналето на Копа Италија и поразот од Севилја во полуфиналето на Лига вропа.

„Останувањето на Алегри никогаш не беше под сомнеж. Постојано работиме со него за иднината и сите опции на пазарот на играчи. Имаме секојдневни состаноци и така ќе ја пребродиме оваа бура. Имаше моменти на конфронтација, понекогаш вжештена, но секогаш искрена. Желбата е да се преброди оваа ситуација, иако дел од перформансите не беа на нивото. На крајот бевме трети на табелата и на чекор од две финалиња. Во последниот дел од сезоната имавме колапс поради психолошиот притисок. Тој е вистинсиот човек да гарантира спортски континуитет“, вели Сканавино.

Scroll to Top