Историската победничка низа на Манчестер сити заврши на 18 натпревари во Премиер лигата, но тимот остана непоразен откако Едерсон одбрани пенал во продолжението во драматичниот меч против Кристал Палас.
„Граѓаните“ беа исфрустрирани од импресивната одбрана на Палас, но имаа среќа Едерсон да го одбрани ударот на Лука Миливоевиќ откако Рахим Стерлинг го фаулираше Вилфрид Заха во шестнаесетникот.
Тимот на Гвардиола се надеваше дека ќе го израмни рекордот на Баерн Минхен од 2013/14, но на крајот немаа премногу шанси, освен кога Серхио Агуеро ја погоди пречката.
Лошиот меч за Сити беше комплетиран кога Габриел Жесус и Кевин де Бројне заработија незгодни повреди кои можат да ги оддалечат од терените подолго време. Жесус го повреди коленото во првото полувреме, додека Де Бројне беше изнесен на носилки по суровиот старт на Џејсон Панчион во финишот на натпреварот.