Директорот на Лацио, Игли Таре реагираше луто на трансферот на шпанскиот ветеран Давид Силва од Манчестер сити во Реал Сосиедад, велејќи дека иако има огромна почит за него како фудбалер, како човек е не на истото ниво.
34-годишниот Силва по десет години си замина од Манчестер сити и потпиша двегодишен договор со клубот од „Аноета“, иако се веруваше дека иам договор со Лацио, а неговиот татко Фернандо Силва неколку пати изјави дека тој сака да се проба во Серија А.
Лацио, невообичаено, се јави со официјално соопштение на Таре.
„Дознавме за трансферот на Давид Силва во Реал Сосиедад. Имам огромна почит за фудбалерот, но не и за човекот“, вели Таре.
? Nota del Direttore Sportivo Igli Tare
➡️ https://t.co/rgYieLoWth pic.twitter.com/O6bPsrN9jL
— S.S.Lazio (@OfficialSSLazio) August 18, 2020