Фудбалските клубови од Лондон, вклучувајќи ги и оное од Премиер лигата, домашните натпревари повторно ќе ги играат пред празни трибини. Лондон и ФА донесоа ваква одлука откако во англиската престолнина е зголемена бројката на заразени лица.
Според новите мерки, ниту еден спортски настан во Лондон, не смее да се одржи со присуство на публика.
Ова е нов удар за фудбалските клубови, на кои од 2.декември им беше дозволено на домашните натпревари да имаат најмногу по 2.000 навивачи.