Градоначалникот на Мадрид, Хозе Луис Мартинес Алмеида најави организирање на победничка парада во случај Реал Мадрид да ја освои титулата во шпанската Ла Лига. Тој вели дека такво нешто ќе биде можно само ако сите носат маски, а капацитетот да е ограничен.
„Би можела да биде организирана со задолжително носење маски на лице и со многу ограничен капацитет. Никој од луѓето нема да може да дојде без маска. Ќе направиме многу ограничен периметар, така да луѓето нема да можат да ја прескокнат оградата. Најдобро е навивачите да излезат на терасите“ – вели мадридскиот градоначалник кој е овековечен во дрес на другиот мадридски гигант, Атлетико.
Токму Мадрид беше едно од жариштата на коронавирусот во првиот бран на пандемијата.
За потсетување, до крајот на Ла Лига има уште две кола, а на Реал му е доволна една победа за да ја осигура 34-тата титула шампион на Шпанија.
Задутре вечер, во последното коло на стадионот „Алфредо ди Стефано“ избраниците на Зинедин Зидан ќе го пречекаат Вилјареал.