Српскиот фудбалер од Реал Мадрид, Лука Јовиќ со неговото однесување при пандемија на коронавирусот си ги намали своите шанси за останување на „Сантијаго Бернабеу“. Јовиќ ги изнервира челниците на „Кралскиот клуб“ со кршењето на самоизолацијата по доаѓањето во Србија.
Тој добил дозвола да го напушти карантинот во Шпанија затоа што не бил позитивен на вирусот, но потоа морал да оди на изолација во татковината и тоа во траење од 28 дена.
Поради непромислениот потег на Србинот, против него е поднесена кривична пријава, а шпекулациите се дека и Реал ќе се обиде да се ослободи од него уште ова лето.
Британските медиуми пренесуваат дека „Кралскиот клуб“ ќе го понуди Ковиќ на лондонските тимови, Челси, односно Тотенхем. Засега нема информации дали се почнати преговори.
Јовиќ сезонава во Реал не успеа да продолжи онаму каде што застана во Ајнтрахт Франкфурт, па сега постигна само 2 гола и имаше 2 асистенции.