Според португалскиот „О жого“, во Манчестер јунајтед се загрижени за менталната и физичката „потрошеност“ на Бруно Фернандеш на стартот на новата сезона, посебно откако беше повлечен на полувремето при катастрофалниот 1:6 пораз од Тотенхем поради наводниот конфликт со капитенот Хери Мегваер.
26-годишниот Фернандеш пристигна на „Олд Трафорд“ во јануари од Спортинг Лисабон и веднаш стана миленик на фановите поради неговата одлична форма и посветеност на клубот, но сега „ѓаволите“ се загрижени за товарот кој тој треба да го носи во тимот и затоа го донеле Единсон Кавани.
Јунајтед имаат освоено само три поени во првите три меча од Премиер лигата, откако загубија дома од Кристал палас во првиот меч од сезоната. Фернандеш беше прогласен за најдобар играч во Премиер лигата во февруари и во јуни откако помогна Јунајтед да добие место во Лигата на шампионите.
Фернандеш се извини на навивачите по поразот од Тотенхем.
„Да се претставува овој голем клуб на ваков начин не е прифатливо. Затоа се извинувам на сите фанови за овој голем пораз. Време е да ја наведнеме главата, да размислиме како понатаму за нас, за клубот и за фановите“, напиша Фернандеш.