Top Sport

„Во Минхен му беше ладно, а се пресели во Ливерпул? Не го разбирам“

Хамес Родригез (29) за 22.400.000 евра го напушти Реал Мадрид и се пресели кај својот поранешен тренер Карло Анчелоти во Евертон. Во Англија ќе се обиде да оживее кариерата откако минатата сезона реиси и да не играше кај Зинедин Зидан во Реал.

На официјалната промоција Колумбиецот истакнал дека е среќен што повторно ќе работи со Карло АНчелоти и што ќе биде дел од голем клуб со славно минато.

Поранешниот репрезентативец на Колумбија Фаустино Асприља изјавил дека Хамес е самиот виновен што кариерата изминатите години не му се развива онака како што тој посакува.

„Не сакаше да остане во Баерн бидејќи таму било ладно. Се врати во Реал за да седи на клупата и сега оди во Ливерпул каде исто така е ладно. Не можам да го разберам“, рекол Асприља.

Родригез кој две сезони мина на позајмица во Баерн во една своја изјава се пожалил на студеното време во Баварија.

„Не е лесно да се живее таму. Понекогаш температурата е 20 степени под нулата. Имаше денови кога ќе се седнев во автомобилот и ќе ми станеше јасно дека надвор е -28 степени Целзиусови. Се прашував што барам јас таму по тој студ“.

Хамес Родригез во кариерата играл за Порто, Монако, Реал и Баерн Минхен.

Scroll to Top