Фабио Фулгери, адвокатот на газдата на Наполи, Аурелио де Лаурентис, е сигурен дека Наполи нема да добијат слична казна како Јувентус со одземање на поени, откако беше потврдена истрагата за трансферт на Виктор Осимен од Лил.
Јавниот обвинител на Неапол го испитува трансферот од 75 милиони евра на нигерискиот напаѓач од септември 2020, за да се дознае дали во овој случај се користело лажно пријавување на зголемувае на капиталот на клубот. 20 милиони евра од овој трансфер беа осигурани преку замена на играчи, откако Наполи ги прати во Франција резервниот голман Орестис Карнезис и јуниорите Клаудио Ланци, Луиџи Лигуори и Чиро Палмиери.
„Спортскиот суд за нас заврши позитивно. Истрагата која се води сега верувам дека ќе биде позитивно затворена за нашиот клуб, бидејќи таа потекнува од Франција. Случајот Осимен не е ист како тој на Јувентус – Наполи не правеа бизнис со Јувентус, така што нема грижа за нас“, вели Фулгери.
Fulgeri: “Conseguenze sportive per il Napoli? Non ritengo le cose possano cambiare a meno che non emergano nuovi elementi” https://t.co/HFuIaJDo83
— 100x100Napoli (@100x100Napoli) January 23, 2023