Натпреварот од 23.коло во португалското првенство помеѓу Тондела и Спортинг синоќа се играше се додека славниот клуб од Лисабон не постигна гол.
Спортинг победи со голот на Коатес во 99.минута и остана на делба на втората позиција на табелата со најголемиот ривал Бенфика. Двата тима од Лисабон имаат по 56 бода, два помалку од лидерот Порто.
Победата на Спортинг над Тондела немаше да предизвика никаво внимание доколку победничкиот гол не беше постигнат длабоко во судиското надополнување на времето. Судијата Жоао Капела мечот го продолжи за четири минути, а голот за победа беше постигнат пет минути по истекот на тоа време.
„Ова е срамно! Неверојатно е што направи судијата на мечот Тондела-Спортинг. Дозволи гостите да постигнат гол во 99.минута“, пишува новинарот на „Радио Марка“, Пипи Естрада.
João Capela is a disgrace. The game should have ended a long time ago; @SebastianCoates saves Sporting CP’s title chances with that late goal. Leões level on points with Benfica #LigaNOS #SCP #CDT pic.twitter.com/j2AWazmEgj
— Football 24/7 (@foetball247) February 19, 2018
Интересно тренерот на Спортинг, Жорге Жесус по мечот открил дека по еден прекин во 94.минута, судијата им рекол на неговите играчи дека ќе се игра уште три минути. Иринијата е што голот е постигнат и по истекот не тие три минути.
Двата тима дулот го завршија со по играч помалку, откако поради два жолти каротни беа исклуени Матие кај Спортинг и Муриљо кај Тондела.
Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски не беше во протоколот за овој натпревар.