Top Sport

Во потрага за гледачи, финалето на Карабао купот поместено во април

Во потег кој уште повеќе ќе го искомпликува календарот во англискиот фудбал, ЕФЛ потврди дека финалето на Карабао купот (англискиот лига куп) ќе биде поместено од февруари во април со надеж дека на „Вембли“ ќе биде дозволено да имаат повеќе навивачи.

Првата англиска титула требаше да се додели на 28 февруари, но поради тоа што накратко во Лондон беа дозволени по неколку илјади гледачи (2.000 и 4.000), сега британската престолнина повторно е во „локдаун“, што значи нема дозвола за присуство на гледачи. ЕФЛ се надева дека на 25 април ситуацијата ќе се подобри.

Натпреварувањето е пред своето осминафинале кое се игра оваа недела. Шампионите Манчестер сити играат со Арсенал во вторник откако Брентфорд ќе го пречека Њукасл, Стоук сити го пречекува Тотенхем во среда, а Манчестер јунајтед гостува кај Евертон исто така во среда.

Scroll to Top