Златан Ибрахимовиќ несомнено е еден од најдобрите европски напаѓачи. Покрај фудбалскиот квалитет тој речиси секојдневно се наоѓа во центарот на вниманието поради неговите изјави.
Потсетување на најлудите изјави на Ибрахимовиќ.
„Јас сум поголем од Манчестер Сити, имам повеќе талент, имам повеќе трофеи и повеќе навивачи“.
„Она што Џон Керју го прави со топка, тоа јас го можам со портокал“.
„Без Шведска на Мундијалот, односно без мене, нема што да се види“.
„Се уште немам најдено куќа во Париз, ако не најдам ништо ќе купам хотел“.
„Венгер ме повика на проба кога имав 17 години. Златан не оди на аудиции“.
„Кога Златан е повреден тоа е хендикеп се секој тим“.
„Што и купив на сопругата за роденден? Ништо ме има мене“.
„Не нарачав Порше, нарачав авион побрз е“.
Никогаш намерно не ги повредувам луѓето, но доколку Ван дер Варт го повотори тоа ќе му ги скршам двете нозе и тоа ќе го направам намерно“.
„Можам да играм на сите 11 позиции во тимот, толку сум добар можам да играм на секоја позиција“.
„Не сакам да бидам крал на Манчестер. Сакам да бидам Бог на Манчестер“.
„На кого му треба прекар како нпр. „Тигар“. Мене тоа не ми е доволно, знаеш доволно е да ме видиш на терен и да се исплашиш“.