Нејмар е избран како фудбалер кој ќе ги изведува пеналите на Пари Сен-Жермен, по остриот конфликт со уругвајскиот соиграч Единсон Кавани.
Нејмар и Кавани се „судрија“ околу тоа кој ќе ги изведува пеналите при 2:0 победата над Лион претходно оваа сезона, кога двајцата сакаа да шутираат, за на крајот Кавани да ја добие расправијата и да утне спектакуларно.
По ова, француските (а и светските) медиуми потрошија неколку месеци на пишување за конфликтот во соблекувалната на ПСЖ полна со ѕвезди. Но, сега, самиот Кавани откако постигна два гола за да помогне ПСЖ да го „прегази“ Нант и да остане на првото место во Лига 1, призна дека ситуацијата е разрешена.
„Нејмар ќе шутира. Тоа се согласивме со тренерот на тимот, Унаи Емери“, изјави Кавани.