Top Sport

Во само еден случај Меси може да ја напушти Барселона бесплатно

Лионел Меси (30) на 25 ноември минатата година потпиша нов договор со Барселона до 30 јуни 2021 година. Откупната клаузула во неговиот договор изнесува неверојатни 700 милиони евра.

Барселона само са потпис на договорот на Меси му плати 50 милиони евра, а годишно за платата на Аргентимецот клубот до 2021 година ќе издвојува 43 милиони евра. Клаузулата за откуп од 700 милиони евра е најголема во историјата на фудбалот, но постои опција во неговотиот договор според кој тој може бесплатно да се оди под само еден услов.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“, во своето денешно издание ги открива деталите под кои Меси може да замине како слободен играч.

Весникот ексклузивно открива дека во текот на долгите преговори околу продолжување на договорот, Меси инсистирал и на крајот успеал да издејствува во договорот да биде вметната и клаузулата според која би можел бесплатно да замине од клубот.

Клаузулата на која инсистирал Меси вели дека тој може да замине од Барселона како слободен фудбалер во случај Каталонија да се отцепи од Шпанија, а клубот потоа да не биде дел од едно од овие национални првенства: шпанското, германското, англиското или француското.

„Ел Мундо“ наведува дека доколку покраината се отцепи од Шпанија, а Барселона се реши да игра во каталонскиот шампионат тоа ќе ги натера и останатите ѕвезди на Барса да го напуштат клубот.

Scroll to Top