Top Sport

„Во тимот имав шестмина од Реал? Не знаев и не ме интересира“

Селекторот на фудбалската репрезентација на Шпанија, Луис Енрике, по убедливата победа на неговиот тим над Хрватска, нервозно реагирал на едно новинарско прашање, откако претходно истакнал дека е задоволен од борбеноста и начинот на кој негвите избраниците го одиграле мечот.

Шпанија во стартниот тим имаше шест фудбалери на Реал (Карвахал, Начо, Серхио Рамос, Дани Себаљос и Марко Асенсио), а токму тоа прашање му го „кренало притисокот“ на Енрике.

„ Не го знаев тоа, ниту пак ме интересира. Тие му припаѓаат на шпанскиот тим, тоа е важно. Базата на тимот е од Реал и мене тоа ми изгледа добро. Не ми е важно дали играат фудбалери од Реал или Барселона. Ќе играат само најдобрите. Јас овде гледам само еден дрес, а тоа е дресот на шпанскиот национален тим“, рекол шпанскиот селектор.

Луис Енрике, во јули го презеде кормилото на „црвената фурија“, откако паузираше медна сезона, а претходно три години беше предводник на Барселона.

Scroll to Top