Top Sport

Во Удине уште се сеќаваат на „кобниот“ пенал од 2012! (видео)

Франческо Гвидолин, поранешниот тренер на Удинезе, во интервју за „Газета дело спорт“ признава дека уште го „живее кошмарот“ од пред шест години, кога еден утнат пенал целосно ја „сврте историјата“ на клубот од североисточна Италија.

Удинезе пропушти шанса да игра во Лигата на шампионите во 2012/13, откако загуби на пенали со 5:4 од португалскиот клуб Брага поради еден „глупав пенал“. Мајкузел, тогаш новак во клубот, го утна клучниот пенал откако се обиде да направи „Паненка“, копирајќи го потегот на чешката легенда Антонин Паненка, но неговиот обид лесно беше одбранет од голманот Бето.

Овој пораз го чинеше Удинезе проценети 20 милиони евра и Гвидолин уште не може да го преболи тоа.

„По шест години, тоа уште ми е во главата. Ме следи насекаде. Никогаш не го прашав зошто направи така. Тоа беше моја грешка, требаше да изберам пет изведувачи на пенали кои помогнаа во тој дел од натпреварувањето, а не нов играч во клубот“, вели Гвидолин.

Мајкузел помина две сезони во Удинезе, и се врати во Бразил, каде што игра за Гремио. Удинезе никогаш не беше толку блиску до Лигата на шампиони и последните четири сезони ги помина во долниот дел од табелата.

Тековната сезона исто така не оди најдобро – тимот има пет порази во последните пет меча, по што Масимо Одо е блиску да го загуби местото на клупата. Одо е шести тренер на Удинезе по заминувањето на Гвидолин во 2014 година.

Scroll to Top