Светската фудбалска федерација (ФИФА) може колку сака да прави кампањи за фер-плеј, но спортското однесување понекогаш го нема ниту во елитните лиги, ниту во малите лиги.
За ова најдобро зборува примерот од втората лига во Босна и Херцеговина, каде што овој викенд имаше еден исклучителен момент на мечот меѓу Јединство Бихаќ и Травник. Фудбалерот на Јединство, Милош Галин ја одзеде топката од гостите и тргна кон голот во моменти кога гостите сакаа да го испочитуваат правилот и да ја вратат топката на ривалите.
За среќа, судијата на натпреварот реагираше и го прекина Галин во алчниот обид да постигне гол на не-фер начин. Колку им пречеше на фудбалерите на Травник овој потег, кажува и тоа што по повторното потфрлање на топката, ја шутна со цела сила во трибините.