Top Sport

Војна на зборови меѓу Наинголан и Рома

Белгискиот репрезентативец Раџа Наинголан ова лето направи еден од најголемите италијански трансфер заминувајќи од Рома во Интер, и сега вели дека тоа не било негова желба и дека е разочаран од однесувањето на тимот.

Според Наинголан, Рома му „договарала“ трансфер во клубови во кои тој не сакал да игра, за на крајот тој да стане „лошата страна“.

„Јас не сум виновен што заминав, барем не целосно. Бев разочаран од однесувањето на Рома и не смеев да го дозволам тоа. Направив некои грешки во животот, но тие ми работеа зад грб. Ми договараа трансфери во тимови во кои не би играл никогаш. Сакаа само да направат пари и ме третираа како неважен човек. Си заминав од клубот каде што претседателот доаѓа еднаш годишно и сѐ расипува“, вели Наинголан.

На ова веднаш одговори претседателот на Рома, Џејмс Палота.

„Тој зборува како јас да не сум во просториите на клубот, а секој ден работам за доброто на Рома. Директорите на клубот доаѓаат во Бостон и постојано имаме состанок. Го сакав Раџа и се грижев за него, тој е еден од најинтелигентните фудбалери, но и навистина разочарувачка личност“, вели Палота.

Scroll to Top