Top Sport

Војна со обложувачка мафија, уапсени 1.400 луѓе, запленети 6,7 милиони евра

Интерпол имале операција во која мета биле нелегалните обложувања во текот на Европското првенство, уапсени се 1.400 луѓе, а запленети 6,7 милиони евра, објави денеска криминалистичката полиција чие седиште е во Лион.

Во Азија и во Европа правени се неколку рации во кои се одземени компјутери, мобилни телефони кои се поврзуваат со 394 милиони евра вмешани во обложување.

„Додека ЕП го гледавме пред се како навивачи, стотици криминалци во 28 земји организираа криминални групи преку кои сакаа да заработат милиони по пат на нелегално обложување и преку перење пари“ се наведува во соопштението на Интерпол.

Полицијата во Хонг Конг уапси повеќе од 800 осомничени, меѓу нив, наводно, и шефот на обложувачката мафија. Таму досега се запленети над 2,3 милиони евра готовина.

Во Италија во текот на ЕУРО 2020 проверени се 280 обложувалници и наплатени се казни во висина од 1,3 милиони евра поврзани со нелегално обложување.
Операцијата „SOGA“ (soccer gambling) ги опфаќа Австрија, Белгија, Хрватска, Чешка, Финска, Франција, Германија, Унгарија, Ирска, Италија, Полска, Португалија, Романија, Русија, Шпанија, Швајцарија, Велика Британија, но и Бахреин, Брунеи, Камбоџа, Кина, Индија, Малезија, Малдиви, Филипини, Сингапур и Виетнам.

Scroll to Top