Дисциплинската комисија при Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) им одзеде по два бода на Црвена звезда и Партизан поради „војната“ со соопштенија и критиките кои најпопуларните српски клубови редовно ги испраќаат на адреса на ФСС.
Српските медиуми објавија дека покрај одземањето на бодви, ФСС ги казнил и функционерите на двата клуба. Претседателите на клубовите Светозар Марјановиќ (Црвена звезда) и Милорад Вучелиќ (Партизан) добиле условна забрана и доколку во наредните 365 дена сторат некаков прекршок три месеци ќе бидат суспендирани од своите должности.
Со одземањето на бодовите Црвена звезда на првото место ќе има 67 бода, додека Партизан е втор со 53 бода, но сега има само четири бода повеќе од третопласираната екипа на табелата.