Top Sport

Вокер пред Траоре како најбрз фудбалер во Премиер лигата

Фудбалерот на Вулверхемптон, Адама Траоре, кој ги импресионираше сите со својата физичка подготвеност оваа сезона, за „влакно“ ја загуби „трката“ како најбрз фудбалер во Премиер лигата од ѕвездата на Манчестер сити, Кајл Вокер.

Дефанзивецот на Сити, Вокер имал максимална брзина од 23.49 милји на час (37.8 км/ч) при поразот од Челси минатиот месец, додека Траоре постигнал брзина од 23.48 милји на час (37.78 км/ч) исто така против Челси во јули.

На третото место е талентот на Манчестер јунајтед, Мејсон Гринвуд (кој постигна 10 гола оваа сезона), откако 18-годишниот тинејџер имал брзина од 23.36 милји на час против Евертон на 1 март.

Scroll to Top