Top Sport

Волански не успеа да истрча на финалето на Копа Америка

Кинси Волански, девојката која успеа да истрча на финалето на Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Тотенхем во Мадрид минатиот месец, заедно со своето момче имаше неуспешен обид да го повтори тоа на финалето на Копа Америка и накратко заврши во затвор.

22-годишната Волански тврди дека таа и партнерот Виталиј Здоровецкиј, руска јутјуб сензација, планирале да истрчат на „Маракана“ во Рио де Жанеиро во текот на финалето помеѓу Бразил и Перу, пред обезбедувањето да ги сопре.

„Признавам, Копа Америка победи, но имавме вистинска авантура. Одлетавме за Бразил, се маскиравме, седнавме на нашите седишта, но на крајот Виталиј го сопреа 20 момци од обезбедувањето. Сега сме надвор од затвор и уживаме во Бразил“, напиша Волански покрај фотографија на која е маскирана како навивач на Бразил.

 

Која е згодната руска „јутјуберка“ која го прекина финалето на ЛШ? (галерија)

Scroll to Top