Вулверхемптон и Лестер одиграа разочарувачко реми без голови (0:0) на „Молињу“, во кое посебно очајно беше првото полувреме без поизгледни шанси за двата тима.
На „лисиците“ на Брендан Роџерс, дефинитивно им беа потребни три поени во борбата за што е можно повисок пласман на табелата, но и овој резултат ги остава на третото место со 43 поени, два зад Манчестер јунајтед и четири зад Манчестер сити (но со два натпревари повеќе), додека имаат три поени пред Ливерпул на четвртото место.
„Волците“ пак, се на 14. место на табелата со 27 поени.