Португалскиот голман Хозе Са неодамна од грчки Олимпијакос премина во редовите на премиерлигашот Вулверхемптон за да го надополни заминувањето на неговиот сограѓанин Руи Патрисио кој ја засили Рома.
28-годишниот голман со „волците“ потпиша 5-годишен договор, а претходно бранеше и за Маритимо, Порто и последно за Олимпијакос.
Сепак, се чини дека ѕвезда на преодниот рок е неговата сопруга, 31-годишната Ракел Џејкоб, за која на Островот велат дека е меѓу најубавите жени на фудбалери во ПЛ.
Ракел се прослави како модел, а неколкупати досега се сликаше за насловните страници на машките магазини. На инстаграм има околу 60.000 следбеници.