Top Sport

Волејот на Раул Гарсија ја расплака Севилја

Фудбалерите на Севилја, во последниот натпревар од саботната програма во Ла Лига, одиграа 1:1 со Ваљадолид.

На „Рамон Санчез Писхуан“, Севиља до предност дојде со голот на Окампос од пенал во 31.минута. На пеналот му претходеше играње со рака од страна Гонзалес.

Резултатот го израмни Раул Гарсија во 87.минута. Левиот бек на Ваљадлид постигна прекрасен гол со волј-удар од работ на шеснаесетникот.

Севилја, остана на шестото место на табелата со 20 бодови, додека Ваљадолид е на 17 место, со 14 поени.

Во наредното коло, кое на програмата е за три дена, Севилја ќе гостува во Валенсија, додека Ваљадолид ќе ја пречека Барселона.

Scroll to Top