Ѕвездите на Евертон, Тео Волкот, Ченк Тосун и Гилфи Сигурдсон станаа првите фудбалери кои станаа „карактери“ со кои може да играте во новата видео-игра за мобилни уреди „Angry Birds Evolution“.
Финската компанија „Ровио“ одамна е спонзор на премиерлигашот од Ливерпул, но никој не очекуваше дека спонзорството ќе оди дотука. Ако сакате да играте со ликовите инспирирани од овие фудбалери ќе мора да побрзате – тие се достапни само до 27 август, односно до понеделник.
„’Енгри брдс’ е едно од најголемите имиња во светот на видео-игрите и среќен сум што ова се случува. Беше интересно да се работи со ’Ровио’ за да се формира мојот карактер“, изјави Волкот.
Сè за спонзорите, нели?
? | Introducing the first footballers to feature in @AngryBirds…
Gylfi Sigurdsson, @CenkTosun_ and @TheoWalcott!
Download Angry Birds Evolution now to play ➡️ https://t.co/XbbnFhdjMG pic.twitter.com/3JcJjF5BM7
— Everton (@Everton) August 22, 2018