Top Sport

Волкот, Тосун и Сигурдсон станаа „Angry Birds“

Ѕвездите на Евертон, Тео Волкот, Ченк Тосун  и Гилфи Сигурдсон станаа првите фудбалери кои станаа „карактери“ со кои може да играте во новата видео-игра за мобилни уреди „Angry Birds Evolution“.

Финската компанија „Ровио“ одамна е спонзор на премиерлигашот од Ливерпул, но никој не очекуваше дека спонзорството ќе оди дотука. Ако сакате да играте со ликовите инспирирани од овие фудбалери ќе мора да побрзате – тие се достапни само до 27 август, односно до понеделник.

„’Енгри брдс’ е едно од најголемите имиња во светот на видео-игрите и среќен сум што ова се случува. Беше интересно да се работи со ’Ровио’ за да се формира мојот карактер“, изјави Волкот.

Сè за спонзорите, нели?

Scroll to Top