Top Sport

Волкот заминува од Арсенал

Напаѓачот на Арсенал тео Волкот во јануарскиот преоден рок ќе го напушти клубот, откако речиси и да не игра во Премиер лигата, а менаџерот Арсен венгер му дава шанса само во Лига Европа.

Според англиските медиуми Волкот ќе го смени клубот, но не и градот, бидејќи најверојатно ќе го засили Вест Хем, кој во вториот дел од сезоната ќе се бори за опстанок.

Покрај Вест Хем интерес за крилниот напаѓач покажуваат и Саутемптон односно Њукасл јунајтед.

Волкот е играч на Арсенал од 2006 година кога на 17-годишна возраст во Лондон пристигна од Саутемптон.

Scroll to Top