Top Sport

Ворнок: Глумењето на Салах беше за оценка 9.9! (видео)

Менаџерот на Кардиф, Нил Ворнок не беше воодушевен од пеналот кој беше досуден против неговиот тим при 0:2 поразот од Ливерпул, оценувајќи дека паѓањето на Мохамед Салах не било совршена „десетка“, но заслужило високи 9.9.

Шансите за Кардиф за опстанок во лигата се намалија по овој пораз, но Ворнок најмногу беше лут на пеналот кој го „извлече“ Салах во дуелот со Морисон, кој потоа лесно го реализираше Џејмс Милнер.

„Уште еднаш, една или две работи беа против нас, но јас секогаш зборувам така, нели? Ќе имаше многу досудени пенали на светов доколку вака ги делеа сите. На крајот на влечењето, театралноста на падот беше за солидна 9.9. Речиси како Том Дејли, нели?“, изјави Ворнок, посочувајќи на скокачот во вода, Британецот Дејли.

Кардиф сега е на 3 поени од Брајтон, а „галебите“ исто така имаат и натпревар помалку, но Ворнок вели дека тие ќе се борат до крај.

„Не можам да побарам нешто повеќе од моите фудбалери. Фановите беа фантастични и мислам дека покажавме добра игра. Не седевме, туку бевме позитивни. Игравме против брилијантен противник и ги притиснавме колку што можеме“, вели Ворнок.

Scroll to Top