Најџел Пирсон ја заврши тренерската епизода во премиерлигашот Ворфорд. Отпуштен е по само 7 месеци, и тоа на 2 кола до крајот на првенсвото, кога тимот води грчевита борба за опстанок.
Вотфорд моментно е 17-ти на табелата со 34 бода, 3 повеќе од Астон Вила која е во зоната за испаѓање во Чемпионшип.
Во следното коло Вотфорд игра на домашен терен со Манчестер Сити, а во последното коло му гостува на Арсенал.
Ќе остане запаметено дека токму Вотфорд со Писрон на кормилото стигна до убедливи 3-0 против Ливерпул на крајот на февруари со што беше прекината низата на „црвените“ од 44 меча без пораз во најквалитетното друштво.
Најџел Пирсон е третиот менаџер во клубот кој добива отказ. Претходно истата судбина ги снајде и Хави Гарсија, односно Кике Санчес Флорес.