Диого Жота, фудбалер на Ливерпул и репрезентативец на Португалија, загина претходната ноќ во сообраќајна несреќа заедно со својот брат Андре Силва.
Шпанските медиуми пристигнаа на местото на несреќата, а таму затекнаа шокантна сцена.
Ве молиме имајте предвид дека содржината пред вас може да биде вознемирувачка за некои луѓе.
Автомобилот бил целосно уништен и изгорен од пожарот што го зафатил.
Двајцата загинале во сообраќајна несреќа што се случила 40 минути по полноќ додека патувале кон Бенавенте.
Несреќата се случила во раните утрински часови на автопатот А-52 во близина на градот Чернадиља во покраината Замора.
Според првичните информации, луксузниот автомобил Ламборџини во кој патувале браќата ја изгубил контролата и излетал од патот, по што се запалил. Се претпоставува дека несреќата се случила поради пукнување на задната гума при обид за престигнување, што предизвикало експлозија и пожар што ја зафатил околната вегетација.
Еве ги првите изјави од полицијата за причината за несреќата.
„Сообраќајната несреќа се случи утрово во 00:30 часот на 65-от километар од автопатот А-52, на територијата на општина Чернадиља, во покраината Замора.
Возилото излета од патот, а сите индикатори укажуваат дека гума пукнала при престигнување. Како резултат на несреќата, автомобилот се запалил, а двајцата патници загинале.
Додека се чекаа резултатите од форензичките тестови, една од жртвите е идентификувана како Диого Јота, фудбалер на Ливерпул, а другата како неговиот брат, Андре Силва“, се вели во соопштението.
Очевидци веднаш ја повикале полицијата, но и покрај брзата реакција, било предоцна. Тие ги пронашле телата во изгорен автомобил, а поради сериозноста на штетата, на почетокот не можеле да ги идентификуваат.
EPA-EFE/ADAM VAUGHAN
Ovako izgleda automobil koji je vozio Diogo Žota kada je poginuo. pic.twitter.com/JDoj4sZiwR
— sportsscandals (@sportsscandals1) July 3, 2025