Герет Бејл го постигна првиот гол за Реал Мадрид да стигне до 3:0 гостинска победа над Нумансија во првиот меч од осминафиналето на Копа дел Реј.
Во првиот меч како стартер по три месеци, велшкиот голгетер беше прецизен од белата точка во 35. минута, откако Лукас Васкез беше фаулиран во шестнаесетникот во инаку досадниот меч. Бејл играше до 70. минута од мечот. Во последните две минути од мечот Иско од пенал и Мајорал го комплетираа триумфот за „Лос бланкос“.
Во тимот на Барселона исто така имаше фудбалер кој се врати по подолго време по повреда, откако Усман Дембеле влезе во 71. минута при 1:1 ремито со Селта Виго за прв настап од септември, и само четврти во дресот на Барса.
Хозе Арнаиз, играчот на Барселона Б, го постигна голот за Каталонците, додека Селта израмни преку Французинот Пионе Систо.
Македонскиот репрезентативец Енис Барди одигра 58 минути од гостувањето на Леванте кај Еспањол, кој гостите го добија со 1:2.
КОПА ДЕЛ РЕЈ, 1/8 ФИНАЛЕ, 1.НАТПРЕВАР
Селта Виго – Барселона 1:1
Леганес – Вилјареал 1:0
Нумансија – Реал Мадрид 0:3
Еспањол – Леванте 1:2