Атлетико Мадрид се прости со хрватскиот дефанзивец Шиме Врсаљко по шест години во шпанската престолнина, потврдувајќи го заминувањето по крајот на договорот.
Врсаљко се приклучи на Атлетико од Сасуоло во 2016 година за 14 милиони евра, иако една од шесте сезони помина како позајмен фудбалер на Интер во 2018/19. Хрватот има над 100 настапи за Атлетико, но речиси никогаш не беше прв избор на Диего Симеоне, кој се решаваше на Киеран Трипие додека Англичанецот беше во тимот.
Грчкиот Олимпијакос е најголем кандидат за потписот на Врсаљко.
Muchas gracias por tu trabajo, profesionalidad y esfuerzo vistiendo la rojiblanca, @Vrsaljko ?
¡Mucha suerte en tus próximos retos profesionales y personales! ?
➡️ https://t.co/BXHCeqhpyC pic.twitter.com/PPcjw11KZE
— Atlético de Madrid (@Atleti) June 30, 2022