Хрватскиот репрезентативец Шиме Врсаљко наводно размислувал да го напушти Атлетико Мадрид и кариерата да ја продолжи во Италија.
Врскаљко оваа сезона настапи на само три натпревари за Атлетико, поради што италијанските медиуми шпекулираат дека тој преговара со Наполи, каде би се преселил во јануарскиот преоден рок.
25-годишниот десен бек, од Италија се пресели во Мадрид. Тој во Сероја играше во Џенова и Сасуоло.