Top Sport

Врсаљко продолжува со Атлетико до 2022 година

Иако шпекулациите постојано тврдеа дека Шиме Врсаљко е пред заминување од Атлетико Мадрид по понудата од Наполи, хрватскиот интернационалец го продолжи договорот до 2022 година.

„Пресреќен сум што можам да продолжам со растот како фудбалер тука, каде што се чувствувам многу удобно и каде што сум како дома“, изјави дефанзивецот.

Фудбалерот од Риека дојде во Атлетико од Сасуоло пред сезона и пол и досега има 39 настапи за Атлетико, честопати борејќи се за местото во тимот со Хуанфран.

Scroll to Top