Шиме Врсаљко од вчера официјално стана играч на Интер, а за клупската телевизија рекол дека имал голема желба повторно да игра во Италија.
Десниот бек, две сезони мина во Атлетико Мадрид, а по добрите игри што ги прикажа на Светското првенство во Русија, интерес за него покажаа неколку екипи.
Атлетико се договори со Интер тој најпрвин да биде отстапен за сума од 6,5 милиони евра, а по завршувањето на сезоната Интер да го откупи неговиот договор за 17,5 милиони евра.
„Подготвен сум за нова авантура. Сакав да се вратам во Италија, сакав да дојдам во Интер. Среќен сум и горд што ќе го носам дресот на Интер во наредниот период. Имам искуство од Серија А (Џенова и Сасуоло). Пред трансферот разговарав со Брозовиќ и Перишиќ, но одлуката да дојдам тука беше само моја“, рекол Врсаљко за Интер ТВ.