Top Sport

Второлигашот Бурнемаут преку Барнли до четврт-финалето на ФА купот

Второлигашот Бурнемаут е првиот четврт-финалист од ФА купот во Англија, откако на гостувањето кај премиерлигашот славеа со 2:0.

Сем Стариџ ги донесе гостите во водство на „Турф мур“ во 21. минута од мечот, по што во 88. минута, со гол од пенал на Џуниор Станислас, „црешите“ го направија првото изненадување во завршницата на најстарото клупско натпреварување на светот.

Вечерва на „Олд Трафорд“ за четврт-финале ќе се борат Манчестер јунајтед и Вест хем.

Scroll to Top