Првиот човек на фудбалскиот клуб Партизан од Белград, Милорад Вучелиќ, ги разбрани страстите во српскиот фудбал, откако во разговор со претставниците на медиумите кои ги следат клупските подготвки на Кипар отворено говорел за нерегуларностите во првенството.
На конкретно прашање дали има нечесно работи и дали се местат натпревари, Вучелиќ одговрил без размислување: „Има, секако дека има!„.
Тој рекол одговорноста е на сите, па и на новинарите кои не пишуваат за сомнителните појави на натпреварите.
„Не морам јас да знам дали има наместени натпревари, тоа мора да го знаете вие новинарите. Не можете тоа да го докажете? Не е новинарот тој кој треба да докажува, но кога ќе видите кој и на каков начин се повлекува во играта, со каков тим ќе истра на натпреварот…Да не се лажеме знаете како ќе завршат 50 отсто од натпреварите, осбено во вториот дел од сезоната“, рекол Вучелиќ кој и самиот е новинар и е главен и одговорен уредник на „Вечерње новости“.
Тој на преставниците на медиумите им порачал да бидат упорни и доколку немаат помош во Србија истата да ја побараат од УЕФА.
„Морате да бидете упорни, да истражувате, да се обратите до УЕФА. Доволно е тоа што луѓето во УЕФА знаат дека овде се местат натпревари“, дополнил Вучелиќ.