Top Sport

Вучиниќ во болница поради корона: Исплашен бев!

Поранешниот фудбалски репрезентативец на Црна Гора, екс-голгетерот на Рома и на Јувентус – Мирко Вучиниќ откри дека завршил во болница поради коронавирусот. Тој во изјава за „Кориере дело Спорт“ опиша колку тешко му паднало одењето во болница.

Вучиниќ кој пред неколку години ја заврши фудбалската кариера вели дека бил многу исплашен.

„Кренав температура 38.2 во Црна Гора. Подоцна, температурата се намали, но направив тест и излегов позитивен на него. Не го прифатив сето тоа мирно, ме исплаши коронавирусот. Немав посериозни симптоми, но три дена минав во болница“ вели Вучиниќ.

Потоа, како што кажа, бил во самоизолација.

„По 12 дена направив нов тест и на него излегов негативен“ – вели тој.

Црногорецот најавува дека наскоро ќе влезе во „тренерски води“.

„Ќе добијам право да тренирам во Серија Ц или да бидам помошник во Серија А. Сите созреваме, на теренот бев креативен, но на клупа мора да сум смирен. Работам многу на тоа“ вели Мирко Вучиниќ.

Scroll to Top