Top Sport

Вудворд имаше храброст да му вика на Алекс Фергусон!

Манчестер јунајтед имаше уште еден крајно разочарувачки меч за своите навивачи на гостувањето кај Шефилд јунајтед во неделата – прво губеа со 2:0 до 72. минута, потоа направија пресврт од 3:2, за во судиското продолжение да примат гол за 3:3.

Една од работите која го привлече вниманието беше „дуелот“ на трибините помеѓу легендарниот поранешен тренер на тимот, Сер Алекс Фергусон и извршниот директор на клубот, Ед Вудворд, кого многумина го сметаат за највиновен во ситуацијата во која се наоѓаат „ѓаволите“.

Во нивно друштво беше и поранешниот директор на клубот, Дејвид Гил, и иако е практично невозможно да се знае за што зборувале, англиските таблоиди веќе „вработија“ експерти кои проценија дека се работело за „жестока вербална расправија, со неколку точки за убедување“.

Scroll to Top