Поранешниот репрезентативец на Хрватска Огњен Вукојевиќ бил проведен во полиција под сомнение дека извршил кривично дело.
Вукојевиќ од член на семејството бил пријавен за вербално малтретирање и сериозни закани.
Хрватските медиуми пишуваат дека Вукојевиќ под дејство на алкохол ѝ се заканил дека на сопругата дека ќе ја убие заедно со нејзината мајка и сестра.
Поради сериозноста на заканите полицијата извршила и претрес во домот на Вукојевиќ.
Огњен Вукојевиќ е селектор на У-20 репрезентацијата на Хрватска.