Вулверхемптон официјално побараа објаснување од шефот на англиската судиска организација, Хауард Веб околу нивниот поништен гол во мечот од ФА купот против Ливерпул.
Мечот на „Енфилд“ заврши 2:2 и Вулфс, како и многу фудбалски фанови сметаа дека клубот е оштетен поради офсајдот кој беше досуден при голот на Тоти Гомез со кој ќе стигнеа до победа. ВАР системот не можеше да најде агол во кој се гледаше дали се работи за офсајд ситуација, но голот беше поништен двата клуба ќе се сретнат во повторен меч на 17 јануари на теренот на Вулверхемптон.
Лопетеги за поништениот гол против Ливерпул: Да ги провереа нашите камери ќе знаеја