Вулверхемптон им порачале на Манчестер јунајтед дека не се подготвени да разговараат за трансферот на Рубен Невеш во јануари, откако се верува дека „ѓаволите“ се подготвени да дадат 35 милиони фунти за 24-годишниот португалски фудбалер од средниот ред.
Невеш ги стави во сенка своите сонародници Кристијано Роналдо и Бруно Фернандеш при неодамнешната 0:1 победа на „Олд Трафорд“, прва по 42 години, но Вулфс може да останат без своите две ѕвезди, Невеш и Адама Траоре за кои се заинтересирани Тотенхем. Менаџерот на Вулфс, Бруно Лаже вели дека не планираат продажба.
„Кога сакаш да го направиш следниот чекор напред и секогаш ги продаваш своите најдобри играчи, тој чекор напред нема да дојде. Имаме идеја и проект, така што мораме да останеме со истите играчи и да бидеме подобри. Рубен е важен играч а нас, врвен фудбалер и предизвикот е да продолжиме вака. Но, тоа е моделот на фудбалот, ако се направи голема понуда, тешко е да кажете не“, изјави Лаже.