Top Sport

Вулверхемптон бараат 100 милиони фунти за Невеш!

Менаџерот на Вулверхемптон, Бруно Лаже вели дека тие кои ќе посакаат да ја земат првата ѕвезда на клубот, неговиот сонароник Рубен Невеш ќе мораат да исплатат барем 100 милиони фунти.

25-годишниот фудбалер од средниот ред преговара за продолжување на договорот со Вулфс, но во исто време е поврзуван со трансфери во Барселона, Ливерпул и посебно Манчестер јунајтед. Шпекулациите велат дека ако Ерик Тен Хаг стане менаџер на Јунајтед, Невеш ќе биде првата цел во летниот преоден рок.

„Не знам дали е Манчестер јунајтед или некој друг тим, но знам дека имаме навистина посебен фудбалер со нас. Тоа што го прави оваа сезона е неверојатно. Мислам дека со нашиот стил на игра го извлекуваме максимумот од него. Кога имате таков фудбалер, тогаш му ја зголемувате платата и додавате години на неговиот договор. Но, којзнае, со фудбалер кој знае во одбрана и во напад и кој е таков професионалец… Има големи тимови со 100 милиони фунти за такви игрчи“, вели Лаже.

Scroll to Top