Top Sport

Вулверхемптон го декласираа Евертон

Фудбалерите на Вулверхемптон убедливо го поразија Евертон со 3:0 во првиот натпревар од неделната програма во Премиерлигата. Вулвси с оваа победа ја прекинаа серијата од два порази.

Вулверхемптон прашањето на победникот го решија во финишот на првото и почетокот на второто полувреме. Раул Хименез на истекот на првиот дел погоди од пенал, а на стартот од второто полувреме со удар со глава Дендокер го совлада Пикфорд.

Конечниот резултат го постигна Жота во 74 минута.

Вулвс се вратија на шестото место на табелата имаат 55 поени, додека Евертон останаа на 11 место.

Scroll to Top