Вулверхемптон го потврдија трансферот на шпанското крило Пабло Сарабија од Пари Сен-Жермен во трансфер вреден 4.4 милиони фунти. 30-годишниот Сарабија се приклучува на 16-пласираниот тим во Премиерлигата на двеиполгодишен договор.
Сарабија пристигна во ПСЖ од Севилја во 2019 и во 35 настапи во Лига 1 за француските шампиони постигна 11 гола. Тој има и 26 настапи и 9 гола за шпанската репрезентација, со која настапи на СП во Катар. Сезоната 2021/22 ја помина во Спортинг Лисабон како позајмен играч.
Тој добро го познава менаџерот на Вулфс, Хулен Лопетеги со настапите во шпанската репрезенација. Тој е трето засилување за Вулфс оваа зима по Марио Лемина од Ница и Матеуш Куња од Атлетико Мадрид (како позајмен играч).
A pre-match addition to the pack ✍️#WelcomeSarabia pic.twitter.com/nBmCSI44qF
— Wolves (@Wolves) January 17, 2023