Top Sport

Вулверхемптон се договориле со Саша Калајџиќ

Вулверхемптон ги договориле личните услови со австрискиот напаѓач на Штутгарт, Саша Калајџиќ, кој до неодамна беше поврзуван со трансфер во Манчестер јунајтед, тврди „Скај Германија“. Премиерлигашот се согласил за должината на договорот и платата за високиот напаѓач, но Штутгарт остануваат на нивната цена од 21 милиони фунти за неговиот трансфер.

25-годишниот Калајџиќ би требал да биде големо засилување во нападот на Вулверхемптон, кои постигнаа само еден гол во првите три меча од новата сезона во Премиерлигата. Калајџиќ има 22 гола во 51 меч во Бундеслигата за Штутгарт, иако во првите три меча од новата сезона не постигна ниту еден гол.

Во исто време, Вулвс можат да го загубат Педро Нето, кој е поврзуван со трансфер во Арсенал и бараат високи 50 милиони фунти, кои „топчиите“ би си ги приуштиле ако успеат да го пратат Никола Пепе во Ница.

Scroll to Top