Top Sport

Watt не е What! Судијата го повлече бизарниот црвен картон

Англиските ниски лиги повторно носат бизарни ситуации. Поранешниот играч на Арсенал, Санчез Ват (Watt) доби црвен картон во мечот меѓу шестолигашите Хемел Хемпстед таун и Ист Тарок јунајтед, само поради своето презиме.

Судијата Дин Халм реши да му даде жолт картон на Ват, по што тој му го кажал неговото име да го запише на картонот, а судијата помислил дека тој се потсмева со неговата одлука прашувајќи го зошто (what?). Судијата веднаш потоа го повлече црвениот картон.

„Тоа беше човечка грешка. Судијата беше доволно чесен да ја поправи. Потоа сите сфативме колку е смешна ситуацијата. Тој дојде во соблекувалната и ни се извини, иако ја забележа и смешната страна“, вели претседателот на Хемел Хемпстед, Дејв Бигинс за „Би-би-си“.

Хемел Хемпстед на крајот победи со 2:0. Ват одигра три натпревари за Арсенал во Лига купот како 18-годишник и постигна еден гол (против Вест Бром во 2009 година). По ова тој играше за второлигашот Лидс јунајтед и Шефилд венсдеј.

Scroll to Top