Top Sport

За 10 години никој нема да се сеќава на Џердан Шаќири, вели Росини

И покрај тоа што во својата кариера играше за Баерн Минхен, Интер и Ливерпул, 28-годишниот Џердан Шаќири ќе биде целосно заборавен за 10 години, вели швајцарскиот тренер Арно Росини, кој посочува дека напаѓачот не „вистински шампион“.

Шаќири има само 10 настапи за Ливерпул оваа сезона, но ќе биде дел од шампионската генерација на Ливерпул, откако претхно освои тројна титула со Баерн во 2012/13. Росини, поранешниот тренер на Сион и Локарно е целосно разочаран од искористувањето на талентот на Шаќири.

„Џердан не е шампион. Можеме сигурно да кажеме дека не оставил печат во клубовите во кои играл, барем не во големите. Тој беше главен во Базел, но сигурно не беше тоа во Баерн и Ливерпул.  Да кажеме дека во последните години тој често ги следеше мечевите на својот тим како гледач кој го добил најдоброто место. А за него беа платени милиони. Секако, банкарската сметка му е одлична, но за 10 години никој нема да се сеќава на него“, вели Росини за „Тио“.

 

Scroll to Top